Islam Doğru
27 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
ЊУЈОРК (АА) - САД со вкупно 82.179 откриени случаи на коронавирус (Ковид-19) зад себе ги остави Кина и Италија и се наоѓа на врвот на оваа листа во светот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет страницата „Worldometre“, во последните 6 часа откриени биле 12.982 нови случаи во САД, со што вкупната бројка на откриени случаи во оваа земја се зголеми на 82.179, додека вкупната бројка на починати се искачи на 1.177 лица.
Инаку, вчера бројката на откриени случаи во оваа земја изнесуваше 55.238, додека бројот на починати изнесуваше 802.
Што се однесува до земјите каде се регистрирани најмногу случаи на Ковид-19, САД се наоѓаат на врвот на оваа листа во светот, а по нив, следат Кина со 81.286 случаи и Италија со 80.589 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 37.738 случаи и 385 починати се наоѓаат на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк селдат Њу Џерзи и Калифорнија.