Agim Sulaj
22 Јануари 2022•Ажурирај: 23 Јануари 2022
Во Косово во изминатото деноноќие регистрирани се 3.206 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 178.489, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.997.
Во последните 24 часа се направени 11.883 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на пандемијата во Косово реализирани се вкупно 1.528.760 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 160.247 лица. Во моментов во земјата има 15.247 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.742.039 дози од вакцините против Ковид-19.