Ekip
22 Јануари 2022•Ажурирај: 24 Јануари 2022
Според податоците до кои дојде Агенција Анадолија (АА), Северна Македонија е меѓу земјите со највисока пензија во регионот, со просечна пензија од околу 258 евра месечно, додека Албанија, каде што се регистрирани вкупно 674.092 пензионери, се наоѓа меѓу земјите со највисок број пензионери.

Косово, покрај тоа што има најнизок број пензионери, исто така со најниска пензија од 100 евра, е земја со најниска месечна пензија во регионот.
Северна Македонија со просечна пензија од 258 евра
Во ноември минатата година, според податоците објавени од страна на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во Северна Македонија биле регистрирани 325.156 пензионери, од кои поголемиот дел (219.856) се корисници на старосни пензии, додека останатите се корисници на семејни пензии (75.080) и инвалидски пензии (30.220).
Во ноември минатата година просечната пензија во земјата беше околу 258 евра. Просечната пензија на корисници на старосни пензии беше околу 278 евра, на корисници на семејни пензии околу 206 евра и на корисници на инвалидски пензии, околу 232 евра. Во просек, најголем износ на пензии добиваат корисниците на воени пензии, и тоа, околу 375 евра.
Во ноември највисоката пензија изнесуваше околу 942 евра. Од Фондот за здравствено и инвалидско осигурување соопштија дека минималната пензија е околу 170 евра.
Албанија со просечна пензија од 126 евра
Според податоците на Институтот за општествено осигурување, во Албанија до септември 2021 година биле регистрирани 674.092 пензионери, од кои 553.509 се корисници на старосни пензии, 68.649 се корисници на инвалидска пензија и 51.934 се корисници на семејни пензии.
Максималниот износ на пензии е околу 238 евра за целосно старосни пензии, целосно инвалидски пензии и целосно семејни пензии. За истите категории, минималната пензија изнесува околу 119 евра месечно.
Категорија кај пензиите во Албанија е социјалната пензија со околу 65 евра. Оваа пензија е наменета за секој граѓанин на Албанија постар од 70 години, кој е со постојан престој во Албанија во последните пет години и не ги исполнува условите за ниту еден од горенаведените видови пензии.
Просечната пензија во Албанија изнесува околу 126 евра.
Косово со најниска пензија и со најмал број корисници на пензии
Во Косово околу 121.000 граѓани на возраст над 65 години се наоѓаат на списоците на кои им се исплатува основна пензија, додека бројот на пензионери кои плаќаат придонеси е околу 43.000. Во Косово има околу 165.000 корисници на пензии.
Во последните години, основните пензии во Косово изнесуваа 75 евра, додека во 2019 година се зголемија на 90 евра. Од 2011 година, со одлука на Владата, основните пензии, пензиите за лица со попреченост, семејните пензии и инвалидските пензии се зголемени на 100 евра.