Zylfije Adem Jakupi
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово детектирани се 489 лица позитивни на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), додека од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 8 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во текот на последното деноноќие тестирани се 4.082 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 489 биле позитивни.
Во истиот период 8 лица починаа од последици на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во земјата на 1.934.
Од спроведено тестирање на 451.922 примероци сомнителни на коронавирус, вкупниот 94.656 лица биле позитивни на Ковид-19.
Во текот на последните 24 часа оздравеа 745 лица, вкупно 78.702 од почетокот на епидемијата. Во моментов во Косово активни се 14.020 случаи на зараза со Ковид-19.