Lejla Bıogradlıja
26 Март 2018•Ажурирај: 27 Март 2018
САРАЕВО (АА) - Во Сараево синоќа беше одржан концертот „Туркиски свет во сите негови бои“, по повод весникот на пролетта Невруз, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред публиката се претставија повеќе од 70 уметници од десет земји и региони. Меѓу нив се истакнати уметници и групи од Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Турција, Руската Федерација: Башкортостан, Хакасија, Саха-Јакутија, Татаристан, Тува, Дагестан, Кабардино-Балкарија и од Молдавија - Гагаузија.

Заменик-потсекретарот на турското Министерство за култура и туризам, Нихат Ѓул, за АА изјави дека ТУРКСОЈ е своевиден „УНЕСКО за турската култура“.
„Оваа година одбележуваме 25 години работа на ТУРКСОЈ, а по повод Невруз тргнавме на турнеја на Балканот. Културата е еден од основните сегменти на секоја нација. Невруз не е застапен само во турската култура, туку се одбележува на поширокото подрачје од Средна Азија до Балканот“, изјави Ѓул.
Фират Пуртас, заменик-генерален секретар на ТУРКСОЈ, изјави дека Невруз е традиција која трае со векови.
Тој додаде дека овогодишниот пламен за почеток на одбележувањето на Невруз е запален во Кастамону, кој е прогласен за престолнина на турскиот свет за оваа година.
И турскиот амбасадор во Сараево, Халдун Коџ, посака на празникот Невруз низ светот да се шират мир, спокој и братство меѓу луѓето.
Организатори на концертот се Меѓународната организација на туркофонска култура ТУРКСОЈ, Амбасадата на Република Турција во БиХ, Министерството за култура и туризам на Република Турција и Институтот „Јунус Емре“.
Концертот „Турскиски свет во сите негови бои“ синоќа е одржан во Зеница, а утре истата група уметници ќе се претстави и пред публиката во Мостар.