Furkan Naci Top
05 Јуни 2018•Ажурирај: 05 Јуни 2018
АТИНА (АА) - Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коцијас, во Атина изјави дека верува оти проблемите околу името меѓу Грција и Македонија кои се во тек, ќе бидат надминати во наредните неколку дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Коѕијас за грчката државна телевизија ЕРТ (ERT) даде изјава во која се осврна на преговорите меѓу двете земји кои се во тек.
Зборувајќи дека кон проблемот се насочени со внимание и трпение, истакна дека генерално преговорите не се движат по права линија, туку по пат кој има свои искачувања и падови.
Коѕијас рече дека во овој важен период на „да или не“, македонската Влада е свесна за постоењето на одредени потешкотии и додаде: „Верувам дека во претстојните неколку дена проблемите ќе бидат решени“.
Министерот Коѕијас изјави дека на маса сѐ уште во оптек се имињата „Нова Македонија“, „Горна Македонија“ и „Северна Македонија“, кои се дел од 5-те предлози на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН), Метју Нимиц.
Премиерот на Македонија, Зоран Заев, во изминатите денови истакнуваше дека се близу до можно решение за името.