Mehmet Hatipoğlu
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
АТИНА (АА) - Медиумските куќи во Грција од утринава стапија во еднодневен штрајк со цел да изразат незадоволство од најавените владини реформи во областа на општествената безбедност, јавува Anadolu Agency (AA).
На повик на Сојузот на новинари на Грција (POESY) утринава во 6:00 часот сите јавни и приватни телевизии, радио-станици и новински агенции стапија во 24-часовен штрајк, поради што е сопрена информативната програма
Како последица на штрајкот денес нема ажурирање на информативните содржини и на интернет порталите, а со оглед на тоа што штрајкуваат и новинарите на печатените медиуми, утре полиците на трафиките резевирани за дневните весници ќе бидат празни.
Владината најава за воведување на нови мерки во областа на општествената безбедност и наметнување на нови даноци предизвика гласни критики од јавноста во таа земја.
Грчкиот парламент вчера започна расправа за нацртот нови мерки кои ги подготви Министерството за труд, кој предвидуваат измени на пензискиот систем и укинување на одредени бенефиции на идните пензионери.
Реформите се последица од притисокот на грчките парнери од еврозоната кои бараат од официјална Атина да го реформира пензискиот систем кој веќе е загрозен со проблемот на големата невработеност, ревидирањето на грчките долгови и брзото стареење на грчката популација.
Негодувањето на тој план преку протести го изразија и грчките адвокати, научниците, нотарите, здравствениот сектор, вработените во пристаништата и други категории. Траат протестите и на земјоделците кои со колони трактори го блокираат сообраќајот на бројни меѓуградски патни правци.