Ekipa
17 Февруари 2022•Ажурирај: 20 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Мајка која со дете во бебешка количка се шетала на кејот на реката Вардар во Скопје, се лизнала и паднала во реката, во близина на Музејот на македонската борба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од видеоснимката до која дојде АА, може да се види како млади луѓе кои беа во близина на местото на настанот веднаш реагираа, извлекувајќи ја жената и детето од реката, а потоа и бебешката количка.
Според првичните информации и очевидците, мајката и детето кои се лизнале во студената вода на реката Вардар не се здобиле со посериозни повреди.