Admir Fazlagic
23 јули 2017•Ажурирај: 24 јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Младинскиот камерен орекстар на Меѓународната турска културна организација - ТУРКСОЈ, утре во Скопје ќе одржи концерт јавува Anadolu Agenncy (AA).
Концертот го организира ТУРКСОЈ и Амбасадата на Република Турција во Скопје, а ќе се одржи утре со почеток од 20:30 часот во рамките на комплексот на хотелот „Буши".
Младинскиот Камерен оркестар ТУРКСОЈ го сочинуват музички уметници од Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Туркменистан и претставници од автономни региони на Руската Федерација. Овој оркестар, покрај делата од светската класична музика, изведува и дела од турски композитори.
Оркестарот имаше своја изведба и во театарот „Шелдониан” на Универзитетот Оксфорд, кој претставува една од најпрестижните образовни институции во светот.
По повод 25. годишнината од независноста на Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан и Туркменистан, оркестарот организираше турнеја во овие земји, а беше гостин и во Единбург, Шкотска.
- Младинскиот Камерeн оркестар ТУРКСОЈ
Младинскиот Камерен оркестар ТУРКСОЈ е формиран во 2010 година од страна на турскиот владин фонд за поддршкаа. Во него членуваат талентирани музичари кои студираат конзераториум на универзитетите од земјите членки на ТУРКСОЈ.
Камерен оркестар ТУРКСОЈ го сочинуваат млади талентирани музичари, студенти на конзерваториуми кои се избрани од министерствата за култура на земјите членки на ТУРКСОЈ. Оркестарот секоја година одржува низа концерти во различни делови од светот.
Оркестарот досега има издадено 2 музички албуми и има одржано повеќе од 40 соло концерти во важни музички центри во светот.