Vesna Besic
29 Декември 2020•Ажурирај: 03 Јануари 2021
САРАЕВО
Околу 900 мигранти и понатаму престојуваат во шаторите на отворео на просторот на поранешниот привремен мигрантски камп „Липа", оддалечен околу 30 километри од Бихаќ, во кој минатата седмица, во средата, избувна пожар во кој изгореа неколку шатори.
Престојувањето на мигратите на простор без услови им го отежнува зимата и доаѓањето на постуденото време.
Салем Миџиќ, секретар на Црвениот крст на градот Бихаќ, изјави за Агенција Анадолија (АА) дека „моменталната состојба на локалитетот Липа кој е затворен е многу лошо".
„Можеме да кажеме дека условите се катастрофални, дека е многу ладно. Денес дуваше ветер кој може да доведе до тоа да делува и на шаторите. Тука се создава можност да дојде и до повреди на мигрантите како последица на рушење на тие шатори", рече Миџиќ.
Како што рече, на шатоите има и снег кој ја отежнува комплетната конструкција.
„Денес поделивме топли оброци, ракавици, капи и шалови. Направивме се што е во наша можност да им помогнеме на мигрантите на таа локација", појасни Миџиќ.
Нагласи дека денес се поделени околу 1.000 оброци.
„Таа бројка варира. Можеме да кажеме дека има околу 900 мигранти на самата локација", додаде Миџиќ.