Medin Halilovic
04 јуни 2016•Ажурирај: 05 јуни 2016
НОВИ ПАЗАР (AA) – Босанскохерцеговската музичка sвезда Дино Мерлин одржа синоќа спектакуларен концерт на Градскиот стадион во Нови Пазар. Околу пет илјади фанови од Нови Пазар и Санџак, како и од другите делови од Србија и регонот, речиси два часа уживаа во хитовите на Мерлин, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сараевскиот магионичар" застанувајќи на сцената со бел шешир и куфер, концертот го започна со песната „Шкољка" а до крај на концертот во придружба со публиката отпеа 24 хита.
По минатонеделниот концерт во Истанбул, Нови Пазар е првата дестинација на овогодинешниот летен дел од регионалната турнеја „Хотел национал".
Обраќајќи се кон публиката Дино рече дека, доколку сакаш повторно да бидеш млад „повторувај ги работите од младоста" .
„Јас сум во Пазар, јас сеуште сум млад", рече Мерлин после што ја отпеа песната „Недостајеш".
По завршетокот на концертот Дино Мерлин рече дека концертот беше фантастичен и дека емоцинално е врзан за Нови Пазар.
По Нови Пазар, следува кратка пауза пред продолжување на големите концерти на стадионите ширум регионот: Суботица (16 јули), Охрид (23 јули), Тузла (30 јули), ако и Банско во Бугарија (3 септември).