Ekip?
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
АТИНА (АА) - По повод Меѓународниот ден на трудот, на улиците на Атина излегоа илјадници работници и граѓани кои протестираат поради мерките за штедење и политиката на грчката Влада, која ги намали платите и ги зголеми работните часови, јавува Anadolu Agency (AA).
Христос Заркинос, еден од демонстрантите, за АА изјави дека грчките работници и понатаму се борат за воведување осумчасовно работно време и оти празникот Први мај има посебна важност во Грција.
Демонстрантите го блокираа центарот на Атина и ѝ порачаа на владата дека продолжувањето на мерките за штедење ќе ја зголемат невработеноста и сиромаштијата во таа земја.
Собири се одржани и пред американската амбасада и пред грчкиот Парламент.