Furkan Naci Top
19 Март 2018•Ажурирај: 20 Март 2018
АТИНА (АА) - Семејствата со поголем број деца во Грција организираа протест против планот на владата за намалување на социјалните права и детскиот додаток, јавува Anadolu Agency (AA).
Родителите, заедно со своите деца се собраа на плоштадот Синтагма во Атина, од каде одеа пеш до канцеларијата на премиерот на Грција и министерството за труд.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои, меѓу другото беше испишано „Ги браниме нашите животи и чест“.
Последиците од економската криза се одразија и на стапката на наталитет во Грција, којашто е намалена за 1,1 до 1,3 отсто.
Според нацрт-законот од јануари, детскиот додаток на семејствата со три и повеќе деца ќе биде намален за 45 отсто. Од друга страна, зголемена е поддршката на семејствата со помалку деца.
Семејствата со повеќе деца во Грција, годишно добиваат помош во висина од 500 евра за секое дете.
Грција која има 11 милиони жители, од 2010 година се соочува со намалување на популацијата. Бројката на населението во 2099 година ми божела да биде помала од 7,5 милиони.