Dejan Maksimoviç
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
САРАЕВО (АА) - Во пукотница која се случи во раните утрински часови, во сараевската населба Алипашино Поље убиени се двајца полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
До пукање дошло кога полициските службеници се обиделе да спречат група криминалци во крадење возило.
Во размена на оганот еден полицаец е убиен на лице место, додека другиот беше пренесен на Клиничко-универзитетскиот центар Сараево со тешки повреди во главата.
Од Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС) официјално потврдија дека почина и вториот полицаец, покрај големиот напор на лекарите.
Неофицијално, криминалната група се обидела да украде автомобил голф 6 со хрватски регистарски ознаки.
Членовите на групата потоа избегале од лице место, а Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сарараево (МВР КС) во соработка со останатите безбедносни агенции трага за убијците.