Meryem Göktaş
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
АТИНА (АА) - „Силен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени го погоди западниот брег на Грција“, соопштија локалните власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил 53 километри југозападно од островот Закинтос со длабочина од 10 километри.
Земјотресот бил почувствуван во главниот град Атина, како и во Малта и Албанија.
Потоа следувале афтершокови со магнитуда од 5,6 степени.
„Земјотресот предизвикал штета во некои населби во регионот, но не се пријавени жртви“, објавија локалните медиуми.
Управата за катастрофи и ургентни состојби при Владата на Турција (AFAD) на својата официјална веб-страница објави дека земјотресот бил регистриран меѓу Италија и Грција во Јонското Море во 22:54 часот по Гринич.