Husamedin Gina
29 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 148 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 313.856, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во дадениот период не се пријавени нови починати лица од последици предизвикани од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително е пријавено едно починато лица на ден 27.6.2022 во болнички услови.
Досега, како последица на коронавирусот во земјата починаа 9.323 заразени.
Институтот за јавно здравје регистрира 45 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 303.783.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 750.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.261 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања.