Ahmet Nurduhan
30 Јуни 2022•Ажурирај: 30 Јуни 2022
САРАЕВО (АА) - Земјотрес со јачина од 4,7 степени изутрина ја погоди Босна и Херцеговина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Широк Брег кој се наоѓа во близина на градот Мостар.
Земјотресот со јачина од 4,7 степени се случил утрово во 08:07 часот.
Како што се нагласува во соопштението, земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри.
Досега не се пријавени жртви или материјална штета во земјотресот.