Admir Fazlagic
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 150 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 5.906, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека се починати 9 лица, со што вкупната бројка на починати лица од последиците на Ковид-19 во земјата се искачи на 277.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 2.236, а во моментов бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 3.393.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.086 тестирања за Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 57.895 тестирања за Ковид-19.