Muhammet Kurşun
27 Јуни 2020•Ажурирај: 27 Јуни 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран починаа уште 125 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 10.364, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, рече дека во последните 24 часа починале 125 лица како последица на Ковид-19 и дека се откриени уште 2.456 случаи со овој вирус.
Лари нагласи дека вкупната бројка на починати во земјата се зголемила на 10.364, додека вкупната бројка на откриени случаи пораснала на 220.180.
Истакнувајќи дека 2.928 лица се наоѓаат во тешка состојба, Лари рече дека 180.661 лице се излекувани и отпуштени од болница.
Лари информира дека досега во земјата се направени 1.583.542 тестирања за Ковид-19.