Dildar Baykan
27 Јуни 2020•Ажурирај: 28 Јуни 2020
ВАШИНГТОН - Пандемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Соединетите Американски Држави (САД) зеде 850 животи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 127.673, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД и понатаму се земја со најголем број на заразени и смртни случаи во светот.
Интернет страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците во врска со пандемијата на коронавирусот во светот, објави дека во последните 24 часа во САД детектирани се 48.539 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени на 2.554.448.
Голема е веројатноста бројот на регистрирани случаи во земјата да се смета за втор бран. Ова е најголемата бројка на регистрирани случаи во текот на 24 часа, од почетокот на епидемијата.
Според бројот на лица позитивни на Ковид-19, зад САД следат Бразил со 1.280.054, Русија со 627.646 и Индија со 515.922 заразени.
И покрај падот на бројот на новозаразени и смртни случаи од Ковид-19, Њујорк и понатаму е најпогодената сојузна држава во САД.
Досега во Њујорк коронавирусот е детектиран кај 415.207 лица, а 31.421 лице ги загубија животите.
Според бројот на лица позитивни на Ковид-19, по Њујорк следат Калифорнија со речиси 207.000 илјада и Њу Џерси со над 176.000.
Во САД за коронавирусот тестирани се 31.367.000 лица, а досега од вирусот оздравеа над 1.068.000 лица.