Husamedin Gina
26 Мај 2020•Ажурирај: 27 Мај 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се 3 нови смртни смртни случаи од Ковид-19, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 116, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека се регистрирани 16 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со овој вирус во земјата се искачи на 2.014.
Исто така соопштено е дека се регистрирани 14 оздравени пациенти од Ковид-19, со што бројот на оздравени пациенти во земјата се искачи на 1.453.
Во моментов бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 445.
Во изминатите 24 часа направени се 314 тестирања за Ковид-19, а вкупно досега во земјата се спроведени 25.841 тестирање.
Потсетуваме, на 15 мај претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, прогласи нова вонредна состојба во траење од 14 дена поради кризата со коронавирусот (Ковид-19), а како причина за тоа го наведе спроведувањето на економско-социјалните мерки.
Полицискиот час во земјата трае секој ден од 19:00 до 5:00 часот.