Besar Ademi,Admir Fazlagikj
17 Октомври 2017•Ажурирај: 18 Октомври 2017
СКОПЈЕ (АА) - Со пленарна панел сесија „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар?“, на која учествуаа премирите на Република Македонија Зоран Заев, на Албанија Еди Рама, на Црна Гора Душко Марковиќ и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина (БиХ) Денис Звиздиќ, заврши дводневиот „Самит 100" на кој учествуваа повеќе од 150 бизнис лидери на Југоисточна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерите на земјите од регионот дебатираа околу теми како што се енергетика, економија базирана на знаење, брендирање, дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот, како и за заедничките иницијативи во областа на туризмот.
Премиерот Заев истакна дека денешната дебата ја смета како една плодна дискусија, охрабрувајќи ги присутните бизнисмени да инвестираат повеќе во овој регион, да бидат повеќе иницијатори за преку инвестиции да создадат повеќе работни места и да учествуваат во растот на Бруто домашниот производ.
„Овој регион мора да има раст над пет отсто доколку сакаме со побрзо темпо да се приближиме до Европкса Унија. А навистина нашите најсериозни и најсилни ресурси се токму бизнис секторот и деловната заедница којашто функционира на целиот овој регион", рече Заев.
Македонскиот премиер рече дека ваквите состаноци и форуми на коишто присуствуваат политичарите од извршната власт и бизнисмените придонесуваат за иднината на Балканот.
„Балканот веќе не може да биде буре барут како што важеше за минатото. Балканскиот полостров, буквално, сите земји овде или цела Југоисточна Европа се двигатели на развојот. Нашето место е рамо до рамо со западните земји во Еворпската Унија", потенцираше Заев.
Премиерот на Албанија, Еди Рама кој ја поддржа изјавата на неговиот македонски колега, по прашање на новинарите соопшти дека патот Арбер, кој ја поврзува Тирана со градот Дебар во Македонија, наскоро ќе започне како проект, бидејќи, како што рече тој, проектот е во завршна фаза.
Претходно премиерот Рама одржа средба со лидерите на албанските политички партии во Македонија. На прашањето дали на тие средби разговарале околу локалните избори кои се одржаа на 15 октомври во Македонија, Рама рече дека средбите не биле за изборите, бидејќи, како што истакна тој, изборите се одржуваат во Македонија, како и дека тоа се избори меѓу партиите во Македонија на кои гласаат граѓаните во Македонија.
„Албанија и јас лично немаме врска со ова прашање. Изборите се спроведуваат во нашата соседна пријателска држава Македонија", рече Рама.
Претседавачот со Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ во своето обраќање наведе дека задача на сите влади од регионот е да креираат поволен бизнис амбиент, за планско искористување на природните ресурси, за јакнење и поттикнување на домашни инвестиции и за создавање на квалитетен амбиент за странски инвестиции за да се зголеми нивото на конкурентноста и продуктивноста на економијата и решавање на како што истакна, најважниот макроекономски проблем - отворање на работните места, посебно оние кои се врзани за младите луѓе.
„Економската соработка и регионално поврзување базирање на интегрирање на ЕУ и понатаму мора да останаат на врвот на приоритетите на сите влади на подрачјето од западен Балкан и сигурен сум дека сме свесни за нашата одговорност и обврската да одиме кон посилни економски интеграции во рамките на западен Балкан а понатаму и во кон европски интеграции што ќе не однесе во рамките на семејството на модерните европски земји каде што ќе се прифатат западните европски вредности", потенцираше Звиздиќ.
Меѓудругото, тој додаде дека Западен Балкан има добри ресурси кои треба правилно да се искористат, правилно да се вреднуваат и земјите од регионот заеднички да се делуваат за да создадат поволен амбиент за развој на економијата.
Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ рече дека е уверен дека денешниот настан и сите активности во послендио период се уште една потврда на напредокот на севкупните односи помеѓу земјите од регионот на Западен Балкан и истакна дека бизнис самиот беше одлична можност да се разменат мислења и иксуства на бизнисмените од регионот.
„Денеска сме тука четири премиери и се потсетивме дека во последните шест месеци бевме шест пати заедно во Европа, Брисел и Трст а се почесто во нашиот регион. Преку Подгорица, Драч во Скопје, и понатаму ќе ја поддржуваме оваа пракса на дирекнти разговори и интензивни средби на лидерите на државите од регионот бидејќи тоа е најдобар начин да се избегнат недоразбирањата, да се зајакне довербата и да се оствари клучната заедничка цел, а тоа е мирен живот на сите наши граѓани", истакна Марковиќ.
Додаде дека на Самитот тој укажал дека Владата на Црна Гора силно ги поддржува странски инвестиции, за кои речи рече дека, без чии пари, знење и искуство не може да се забрза растот на економииите, но наведе и дека истовремено е потребно да се пружи поддршка на бизнисмените од самите земји од Западен Балкан, како и да се работи на нивно меѓусебно поврзување и вмрежување.
Премиерот Марковиќ рече дека со оптимизам гледа на расотот на екномиите на земјите од регионот на што Црна Гора ќе даде силен придонес.
Во рамките на шестиот Самитот 100, кој во изминатите два дена се одржаво Скопје беше потпишан Меморандум за разбирање помеѓу регионалниот „Самит 100" и „Форумот за економски инвестиции" на шесте земји од Западен Балкан.
Инаку, „Самит 100" на бизнис лидерите од Југоисточна Европа е уникатна бизнис иницијатива којашто на едно место ги собира најеминентните бизнис лидери од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Косово и од Албанија.