Bojana Stojanovic
09 Јуни 2020•Ажурирај: 09 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани уште 69 лица заразени со коронавирусот, а во земјата во моментот има 447 активни случаи со вирусот, јавува Агенција Анадолија (AA).
Од вчерашниот пресек на состојбата до денес нема смртни случаи, што значи дека бројот на починати од Ковид-19 и понатаму е 250. Процентот на смртност изнесува 2,09 отсто.
Од вчера, тестирани се 5.239 лица, од кои 69 се позитивни на коронавирусот.
Приклучени на респиратори се 15 пациенти, а вкупниот број регистрирани случаи со вирусот досега е 11.965.
Од почетокот на епидемијата во земјата тестирани се вкупно 282.049 граѓани.