Kemal Zorlak
28 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
САРАЕВО (АА) - На Меѓународниот аеродром Сараево денес со болнички авион пристигнаа вакцините против Ковид-19 што на Босна и Херцеговина ѝ ги донираше Република Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Летот на авионот, што од Турција требаше да полета синоќа, беше откажан од технички причини, а утрово во Сараево слета и достави 30.000 дози вакцини од производителот „Синовак“.
Со ова е реализирана донацијата што ја најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган при неодамнешната посета на Турција на членовите од Претседателството на БиХ.
Од Министерството за цивилни работи на БиХ претходно е соопштено дека вакцините по царинските процедури ќе бидат испратени до централниот магацин во Мостар. За распределбата ќе одлучува Советот на министри на БиХ, по што тие ќе бидат доставени до крајните корисници.