Barry Eitel
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Приходите на "Facebook" се дуплираа за 1,56 милјарди долари во четвртиот квартал минатата година, 52 отсто во однос на истиот период 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа компанија во последното тромесечие оствари приход од 5,84 милијарди долари.
Приходите од огласувањето на мобилните уреди, кои чинат најголем дел од приходот на "Facebook" , дури 80 отсто, пораснаа за 56,8 отсто, на 5,64 милијарди долари.
„Минатата година беше сјајна за "Facebook" . Нашата заедница продолжува да расне, а нашата работа напредува”, порача за вчера објавениот извештај, Марк Зукерберг, основачот и извршен директор на "Facebook" .
„Ќе продолжиме да вложуваме во пружањето подобри услуги на нашата заедница, развојот на нашата работа и поврзувањето на светот”, додаде Зукерберг.
Според извештајот, се зголеми и бројот на редовни месечни корисници на социјалната мрежа "Facebook" , и тоа за 17 отсто во однос на истиот период минатата година.
Од компанијата истакнуваат дека над 900 милиони луѓе ја користат апликацијата "WhatsApp" која овозможува разменување на текстуални пораки, 800 милиони користат "Facebook Messenger", додека 400 милиони се редовни корисници на социјалната мрежа "Instagram", една од најбрзо растечките мобилни услуги.
Вкупните приходи на "Facebook" минатата година пораснаа за 44 отсто, на 17,9 милијарди долари, додека чистата заработувачка порасна за отприлика 3,7 милијарди долари, се наведува во извештајот.