Seyit Ahmet Aytaç
04 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Глобалната социјална мрежа Facebook, која има околу две милијарди корисници, покрена систем за пренос во живо, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Facebook наведено е дека оваа компанија покренала систем на пренос во живо и услугата фото колаж.
“Од сега со помош на преносот во живо и фото колажот ќе можете да ги оживеете фотографиите и видеозаписите кои ќе ги објавите на Facebook. Со помош на оваа апликација ќе Ви овозможиме со Вашето семејство да имате заеднички моменти" , пишува во соопштението.
Оваа апликација најпрвин е покрената во август годинава, кога можеа да ја користат само познати личности, но во наредниот период апликацијата ќе има можност да ја користи секој корисник на оваа социјална мрежа.
Нагласено е исто така дека користењето на апликацијата ќе започне со одреден број корисници на паметните телефони од марката iPhone, а набрзо и секој втор корисник.
Оваа апликација на корисникот му дава услуга да во текот на преносот во живо ги види и коментарите на своите пријатели, а видеозаписите автоматски ќе бидат ажурирани на временската линија на Facebook. Секој корисник ќе има можност да го избрише видеото.