Ahmad Adil
09 Септември 2023•Ажурирај: 10 Септември 2023
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Африканската унија (АУ) денес официјално го зазеде своето место како членка на Г20 на повик на индискиот премиер Надендра Моди, известува Анадолу.
„Со ваша согласност... би сакал да го повикам претседавачот на Африканската унија да го заземе своето место како постојан член на Г20“, рече Моди отворајќи го самитот во Њу Делхи.
Премиерот на Индија го прегрна Азали Асумани, претседавачот со Африканската унија, честитајќи му на членството.
Асумани, кој е претседател на Коморски Острови, земја во Африка, им се приклучи на останатите светски економии кои се собраа во главниот град на Индија на 18. Самит на Г20, за да разговараат за безбедноста на храната, климатската криза и други теми. Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Кина Ши Џинпинг не присуствуваат на дводневиот состанок.
„Чест ми е да ја поздравам Африка како постојана членка на семејството на Г20. Ова ќе го зајакне Г20 и ќе го зајакне гласот на глобалниот југ“, подоцна објави Моди на социјалната мрежа Х.
Кирил Рамафоса, поранешен претседавач на Африканската унија, континентално тело од 55 земји членки, рече дека се воодушевени што се примени во Г20.
„Економиите во развој го носат најголемиот товар од климатските промени, и покрај тоа што носат најмала одговорност за оваа криза“, рече Рамафоса.
Тој додаде дека африканските и другите земји во развој, се соочуваат со задача за исполнување на климатските обврски во текот на значајните развојни предизвици, како што се сиромаштија, нееднаквост и невработеност.
Рамафоса повика на решавање на проблемот со климатските промени, деградација на животната средина и недостиг на ресурси, „колективно и со голема доза на солидарност“.