Tufan Aktaş
07 Април 2020•Ажурирај: 07 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Комисијата на Африканската Унија, Муса Факи Мухамед, на 26-годишнината од геноцидот во Руанда упати повик за борба против идеологијата на геноцид, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во својата порака објавена по повод 26-годишнината од геноцидот во Руанда, што се случи во 1994 година и во кој загинаа околу 800.000 лица, истакна дека ова е можност да се продолжи борбата против идеологиите за геноцид.
Истакнувајќи дека Африка никогаш повеќе“не треба да доживее такво злосторство врз човештвото, Мухамед упати порака до земјите членки на Африканската Унија.
„Ние заедно со меѓународната заедница мора да се бориме против идеологиите на геноцид, негирањето на геноцидот и неказнивоста на геноцидот“, нагласи Мухамед.
Поминаа 26 години од геноцидот во Руанда, што започна против Тутсите на 7 април 1994 година, во кој загинаа околу 800.000 луѓе.
Во земјата комеморалните церемонии ќе се одржат со ограничено учество поради епидемијата од новиот вид коронавирус Ковид -19. Говорите на државните лидери ќе бидат испратени до јавноста преку радио и телевизија.
Обединетите нации (ОН) го признаа 7 април како Ден за комеморација на жртвите од геноцидот во Руанда.