Alaattin Doğru
30 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
АНКАРА (АА) - Француската енергетска компанија „Енжи“ соопшти дека руската енергетска компанија „Гаспром“ од денеска повторно ќе го намали протокот на гас што се испорачува за Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од „Енжи“ се наведува дека „Гаспром“ ги информирал дека веднаш ќе ја ограничи испораката на гас за Франција, со образложение дека има „несогласување меѓу страните околу спроведувањето на договорот“.
Се наведува дека по почетокот на украинско-руската војна, „Гаспром“ строго ја ограничил испораката на гас од Русија во Франција, и се додава дека неодамна го намалил протокот на гас во Франција на 1,5 терават часови месечно.
Меѓу другото, компанијата соопшти дека од јули увозот на руски гас сочинува 4 отсто од нејзиното снабдување на гас.
Покрај снабдувањето со електрична енергија, компанијата „Енжи“ е главен снабдувач на гас во Франција.
Од друга страна, и покрај тоа што француските власти нагласија дека залихите на гас достигнале 90 проценти, владиниот портпарол Оливие Веран предупреди дека доколку Русија го намали протокот на гас и се зголеми потрошувачката, во зимскиот период може да има недостиг на гас во земјата.