Ekip
03 Мај 2022•Ажурирај: 04 Мај 2022
БЕРЛИН (АА) - Германската влада соопшти дека е подготвена да ја поддржи забраната на Европската унија за руската нафта, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерката за надворешни работи Аналена Баербок за германската радиодифузна мрежа АРД изјави дека нејзината земја е „подготвена“ да живее без руска нафта неколку години бидејќи сега има нови договори за снабдување.
„Пред неколку недели, немаше да биде можно итно запирање на испораките“, рече Баербок.
Во меѓувреме, министерот за економија Роберт Хабек предупреди дека ембаргото нема да помине незабележано ниту во Германија.
Ќе има високи скокови на цените. Промената може да значи и губење време, рече Хабек, мислејќи на рафинеријата за нафта во градот Швед, која е под контрола на руската државна нафтена компанија Роснефт.
„Но, ембаргото повеќе не значи дека Германија оди во ‘нафтена криза’ “, додаде министерот.
Хабек ги повика сите земји на ЕУ да ја намалат зависноста од руската енергија што е можно побрзо.
„Солидарноста со Украина сега бара испораките на фосилни горива од Русија да се намалат брзо и драстично“, рече Хабек на маргините на специјалниот состанок во Брисел во понеделникот на министрите на ЕУ одговорни за енергетика.
Мора да се земат предвид соодветните зависности на земјите, но напорите мора заедно да се туркаат напред, додаде тој.
Унгарија, која е силно зависна од руската енергија, се закани дека ќе ги отфрли санкциите за руските испораки на нафта.