Ata Ufuk Şeker
28 Февруари 2022•Ажурирај: 01 Март 2022
БРИСЕЛ (АА) - Поради новите рестриктивни мерки кон Русија, цените на природниот гас во Европа денот го започнаа со пораст од 34 отсто, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цената на априлските фјучерси со кои се тргува на ТФФ, онлајн платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, минатата недела беа затворени со цена од 93 евра за мегават-час.
Природен гас денес се тргуваше со цена од 125 евра за мегават-час.
Со тоа, цената на природниот гас во Европа порасна за 34 отсто во однос на претходниот ден.
Цената за природен гас за мегават -час изнесуваше 108 евра ва 08:49 часот по локално време.
Цените се зголемија откако западните земји одлучија да ги отстранат руските банки од СВИФТ и да ги замрзнат средствата на руската Централна банка поради руските напади врз Украина.
Новите економски санкции ја зголемија загриженоста за испораката на гас во Европа.
Земјите од ЕУ во моментов 40 отсто од нивните потреби за природен гас ги обезбедуваат од Русија.
Од друга страна, министрите за енергетика на земјите членки на Европската Унија денеска ќе се сретнат на вонреден состанок во Брисел.
Министрите ќе разговараат за поскапувањето на природниот гас и нафтата и мерките кои може да се преземат по овие прашања.