Dzihat Aliju
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
СКОПЈЕ (АА) – Денес во Скопје прес-конференција одржа Канцеларијата за култура и промоција, при амбасадата на Турција во Скопје, по повод утрешното отворање на Скопскиот саем за туризам, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конфецијата, која се оддржа во просториите на Канцеларијата за култура и промоција, учество земаа советникот на Канцеларијата за култура и промоција, Хакан Озчелик, директорот за здравство во областа Анталија, д-р Унал Хулур и експертот на Агенцијата за развој на Западен Медитеранот, Садетин Дикмен.
Советикот за култура и промоција, Хакан Озчелик, во изјавата која што ја даде за новинарите истакна дека канцеларијата со своите консултативни услуги секоја година учествува на саемот за туризам, и дека оваа година, за разлика од претходните години, планираат да извршат поопширна презентација.
Озчелик истакна дека оваа година на штандот на Турција со своите потенцијали во здравствениот туризам ќе се претстават Памуккале, Чанаккале, Бодрум и Анталија и дека Турција поседува потенцијал да понуди секаквов вид туристички услуги.
Директорот за здравство во областа Анталија, д-р Хулул го истакна своето задоволство од присуството во Македонија.
Д-р Хулу и сѐ заблагодари на Канцеларијата за кулура и туризам за дадената можноста за презентирање на Здравствениот туризам и Анталија во Македонија. Тој истакна дека Анталија поседува голем потенцијал во здравствениот туризам, бидејќи градот има 14 јавни, 26 приватни и 2 универзитетски болници.
Тој истакна дека според квалитетот на лекарите и квалитетот на апаратурата во болниците, Анталија е на повисоко ниво од многу други места, и Анталија е единствена во давањето услуги и во областа на одмор и во областа на здравствената заштита.
Експертот Дикмен изјави дека е потрено организирање на заедничка акција од страна на јавната администрација на здравствен туризам, болниците, тренинг-центрите и здравствените организации.
Дикмен истакна дека Анталија како град кој е најинтересен во регион за туристите и годишно дава здравствени услуги на околу 300 илјади туристи и рече дека околу 10.000 туристи доаѓаат во градот наменски за здравствениот туризам.
Во главиот град на Македонија, Скопје, од 14 до 16 април ќе се оддржи Саемот за туризам, на кој свој штанд ќе има и Турција. На штандот покрај презентационите маси за областите на Мугла, Памуккале, Чанаккале и Анталија, ќе се презентира и „Здваствениот туризам“.