Emre Aytekin
30 Октомври 2022•Ажурирај: 01 Ноември 2022
ПЕКИНГ (АА) - Производството на сурова нафта во Кина порасна за три отсто во периодот јануари - септември 2022 година во споредба со истиот период минатата година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведува новинската агенција Синхуа, Националното биро за статистика објави дека производството на сурова нафта во периодот јануари - септември се зголемило за три отсто на годишно ниво и достигнало 153,7 милиони тони.
Во истиот период производството на преработено масло достигнало 56,81 милион тони со раст од 1,9 отсто.
Според податоците на порталот „Worldometer“, Кина е на четвртото место по годишното производство на нафта по Соединетите Американски Држави, Саудиска Арабија и Русија.