Abdulselam Durdak
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
ФРАНКФУРТ (АА) - АБДУЛСЕЛАМ ДУРДАК -
Турција, со која Европската Унија (ЕУ) во период од јануари до декември минатата година реализираше извоз од 84,8 милијарди евра и увоз од 69,7 милијарди евра, е петтиот најголем трговски партнер на ЕУ.
Според податоците до кои дојде Anadolu Agency (AA) од Европскиот завод за статистика, Евростат, ЕУ која се состои од 28 земји членки, минатата година реализираше извоз од 1 трилион 878,5 милијарди евра и увоз од 1 трилион 853,5 милијарди евра.

Извозот на ЕУ во Турција во периодот за кој станува збор се зголеми за 8,8 отсто и изнесуваше 84,8 милијарди евра. Во овој период, увозот на ЕУ од Турција бележи раст од 4,5 отсто и изнесува 69,7 милијарди евра.
Со тоа Турција продолжува да биде петтата најзначајна земја за Еевропската Унија во надворешната политика.
- САД се најголемиот трговски партнер на ЕУ -
Соединетите Американски Држави (САД) со кои земјите членки на ЕУ реализираа извоз од 375 милијарди евра и увоз од 254,2 милијарди евра, и во периодот од јануари до декември 2017 година ја зачуваа позицијата како најголем трговски партнер на ЕУ. Извозот на ЕУ во САД се зголеми за 3,2 отсто во споредба со претходната година, додека увозот на ЕУ од САД се зголеми за 1,5 отсто.
Во наведениот период, вториот најголем трговски партнер на ЕУ стана Кина. Во овој период ЕУ оствари извоз во Кина од 198,3 милијарди евра, додека реализираниот увоз од оваа земјата изнесува 374,3 милијарди евра, односно извозот на ЕУ во Кина се зголеми за 16,9 отсто, додека увозот на ЕУ од Кина се зголеми за 8,5 отсто.
- Увозот на ЕУ од Русија е поголем од извозот -
Швајцарија стана третиот најзначаен трговски партнер на ЕУ, која минатата година оствари извоз во оваа земја од 150,8 милијарди евра, додека од оваа земја реализираше увоз од 110,2 милијарди евра. Во овој период, извозот на ЕУ во Швајцарија се зголеми за 6,1 отсто, додека увозот се намали за 9,4 отсто.
ЕУ минатата година реализираше извоз во Русија од 86,2 милијарди евра, додека изврши увоз од Русија во износ од 145 милијарди евра. Русија стана четвртиот најголем трговски партнер на ЕУ. Извозот на ЕУ во Русија минатата година забележа пораст од 19,1 отсто во споредба со претходната година, додека увозот во оваа земја забележа пораст од 22 отсто.
Од друга страна, во листата на наголеми трговски партнери на ЕУ, по Турција следат Јапонија, Норвешка, Јужна Кореја, Индија и Канада.