Ömer Tuğrul Çam
14 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека не ги признава изборите на Русија одржани на полуостровот Крим, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмена изјава Жозеп Борел, високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, потсетувајќи дека викендов во Руската Федерација се одржаа регионални и локални избори, рече дека во Севастопол на полуостровот Крим, кој Русија нелегално го припои во 2014 година, се одржани таканаречени избори за гувернер.
„ЕУ не ја призна нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. Затоа не ги признава и изборите одржани на полуостровот Крим“, нагласи Борел.
Нагласувајќи дека нема да бидат признаени оние што тврдат дека ги застапуваат Крим и Севастопол на овие избори, Борел рече дека Крим и Севастопол ѝ припаѓаат на Украина.
Борел, исто така, додаде дека ЕУ ќе продолжи да го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.