Ahmet Gençtürk
16 Ноември 2023•Ажурирај: 20 Ноември 2023
ПРАГА (АА) - Чешка денес донесе одлука да ги замрзне руските државни средства во земјата, јавува Анадолу.
„Владата на мој предлог денеска одобри замрзнување на рускиот државен имот во Чешка“, објави министерот за надворешни работи Јан Липевски на платформата Х.
Тој додаде дека „тука завршуваат комерцијалните активности од кои Русија го финансира убиството на Украинците“.
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба им се заблагодари на Владата на Чешка и на Липавски за одлуката.
„Сите земји кои сѐ уште не го направиле тоа, треба да го следат нивниот пример. Руските пари треба да се користат за обновување на Украина наместо за убиства и уништување“, рече Кулеба.