Aldijana Hadzic
23 Октомври 2022•Ажурирај: 24 Октомври 2022
САН ФРАНЦИСКО (АА) - На плажата на Тихиот Океан во Сан Франциско, во сојузната американска држава Калифорнија, се одржа 40. традиционален натпревар во изработка на фигури и кули од песок, известува Агенција Анадолија (АА).
Во натпреварот учествуваа неколку илјади луѓе, а направени се исклучително интересни фигури.

Средствата собрани во текот на натпреварот ќе бидат искористени за стипендирање на повеќе од 8.500 ученици.