Aldijana Hadzic
23 Октомври 2022•Ажурирај: 30 Октомври 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Во Маунт Холи, во американската сојузна држава Северна Каролина, се одржа традиционалниот Фестивал на лампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Посетителите имаа можност да видат фенери во различни димензии и облици, а овогодинешната тема на фестивалот беше „Запишано е во ѕвездите“.
Станува збор за еден од најпопуларните настани во Маунт Холи, бидејќи на овој фестивал се собираат бројни домашни и странски уметници, но и граѓани.