Ergün Haktanıyan
13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
КАЈСЕРИ (АА) - Шишињата, за чија историја е наведено дека датираат од 400 година пред нашата ера, кога жените ги криеле солзите за своите сопрузи кои заминувале на воена служба или ги загубиле своите животи, даваат светло и за минатото и за историјата на љубовта.
„Солзните шишиња“ во Археолошкиот музеј во Кајсери, за кои се смета дека датираат од 4 век пред нашата ера, пред 14 февруари - Денот на вљубените, привлекуваат големо внимание.
Љубовните солзи што се ставале во шишињата од жените во различни периоди, даваат индиции за тоа како се доживувала љубовта во минатото.
Професорката на Катедрата за историја на уметноста на Универзитетот „Ерџијес“, д-р Нилај Чораган, во разговор за Агенција Анадолија (АА) рече дека приказната за солзните шишиња нѐ враќа во минатото.
Наведувајќи дека предметите наречени „угвентариуми“ се идентификуваат со солзните шишиња според истата форма што ја имаат, професорката Чораган рече дека тие предмети имале важно место во животот на човекот до крајот на римскиот период и во време на византискиот период.
Истакнувајќи дека угвентариумите се направени од стакло и керамика, Чораган истакна дека во нив се чувале масло, парфем, крем и различни видови течности.
- Количеството солзи ја покажувало големината на љубовта
Наведувајќи дека има многу видови на „Солзни шишиња“, Чораган рече дека тие можеле да бидат изработени во вид на цевка и светилник.
„Познато е дека луѓето во античкиот период ги собирале солзите во овие садови како почит кон лицето што починало и потоа овие садови со солзи ги ставале во гробовите заедно со починатото лице. Садовите биле изработени во вид на цевка и светилник. Се вели дека жените во Иран, кога нивните синови и сопружници оделе во војна, своите солзи ги собирале во овие шишиња", нагласи професорката Чораган.
Исто така, како што раскажа Чорган, солзите во овие шишиња се собирале и за починатите лица поради тагата кон нив. Шишињата се затворале со тапа за солзата да не испари и исчезне. Кога солзата испарувала, тоа значело дека и тагата е завршена.
Чораган, потсетувајќи дека утре ќе се слави Денот на вљубените, рече: „Се вели дека во 1860-тите години во Америка, жените своите солзи ги собирале во овие шишиња за нивните сопрузи кои заминале во војна. Колку повеќе солзи се собирало, се сметало дека, толку поголема била љубовта.“
Таа истакна дека солзите во шишињата исто така се пример за верноста.
Мерве Наз Акан, која дошла од Измир за да го посети музејот, рече дека дефиницијата за љубовта се менува со текот на времето и дека собирањето на солзите што биле пролеани во шишиња во тој период значело однесување што предизвикувало почит.