Amina Zorniç
10 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Недостатокот на сон е еден од главните здравствени проблеми на денешницата, соопшти американскиот Центар за контрола на болести (CSK), кој тврди дека помалку од седум часа спиење го зголемува ризикот од бројни болести, јавува Anadolu Agency (АА).
Центарот за истражување покажа дека повеќето луѓе не се подготвени да се справат со социјалните активности, забавите или работата, со цел да имаат повеќе сон.
Срцевте заболувања, ракот, дијабетесот и други болести, се само мал број болести кои се предизвикуваат од недостаток на сон.
Покрај заболувањата, со помалку од седум часа спиење се создава поголема шанса за непродуктивност на работното место и сообраќајни несреќи.
Студијата беше спроведена на 44.000 американски возрасни жители, при што е констатирано дека најмалку сон имаат самохраните мајки.
Според резултатите, 44 отсто од самохраните мајки кои живеат со деца под 18-годишна возраст имаат помалку од седум часа спиење. На второ место се самохраните татковци, 38 отсто. Во однос на овие две групи, 33 проценти од паровите, родители, исто така страдаат од недостаток на сон.
Од друга страна, студијата покажала дека родителите на децата кои веќе не живеат под нивниот покрив, за спиење најчесто употребуваат лекови поради проблеми со спиењето.
Во целина, студијата покажала дека жените во повеќето случаи немаат доволен сон.
Здравствените власти велат дека добриот сон е клуч за долгорочно здравје и дека ова прашање треба да биде национален приоритет.