Senita Şeherçehayiç
11 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Еден од најпознатите и најсестраните пејачи на денешницата, Дејвид Боуви, почина вчера на 69-годишна возраст, јавува Anadolu Agency (АА).
Претставникот за медиуми на пејачот, Стив Мартин, соопшти утринава дека Боуви починал "тивко и мирно", опкружен со својата фамилија.
Последните 18 месеци, 69-годишниот пејач се бореше со ракот.
"Многумина од вас ќе сакаат да ја поделат својата болка со нас, ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството во ова време на жалост", се наведува во соопштението во кое нема многу подробности.
Боуви во петокот наполни 69 години, истиот ден кога е објавен и неговиот последен албум "Blackstar".
Роден е како Дејвид Роберт Џоунс, беше еден од најзначајните претставници на глам-рокот на 1970-тите години од минатиот век. Имаше исклучително чувство за имиџ и тоа како публиката го доживува, така својот надворешен изглед го менуваше како што ги менуваше и музичките правци и звукот на своите песни.
Некои од неговите најпознати песни се "Fame", "Heores", "Let's Dance"... Беше оженет со манекенката Иман од 1992 година.
Британскиот премиер Дејвид Камерон на својот Твитер профил, по повод смртта на Дејвид Боуви напиша: "Ова е огромна загуба".