Harun Kaymaz
10 Јануари 2016•Ажурирај: 12 Јануари 2016
БУРСА (АА) - Ловците на бактерии објавија листа на работи кои имаат најголема концентрација на бактерии, јавува Anadolu Agency (AA).
Тука спаѓаат отворите за уста на лименките од пијалоците, бравите во јавните тоалети, мебелот во рестораните за брза храна, хартиените бришачи за раце, оградите за скали, чешмите во заедничките простории, наргилето, менијата во рестораните и кафулињата, садовите за мраз кои не се одржуваат редовно, како и пешкирите и опремата во фризерските салони и салоните за убавина.
Во групата на советници, освен здравствените работници, спаѓаат и луѓе како што се нутриционисти, земјоделски инженери, како и членови на здружението за заштита на потрошувачите.
Целта на истражувањето е начинот на кој можат да се заштитат луѓето и да им се помогне да ја оддржуваат хигиената.