СКОПЈЕ/ПРИШТИНА/БЕЛГРАД/НОВИ САД/ЗАГРЕБ/САРАЕВО/ПОДГОРИЦА (АА) - Сите поголеми градови на земјите од Балканот, последниве дена се традиционално уредени пред постоечките новогодишни празници. Украсени се улиците, се зборува и за јавниот дочек на Нова Година. Некои, Новата Година ќе ја дочекаат и вон границите на својата земја, но мнозинството, сепак, се решаваат за домашната варијанта, а потоа и уживање на градските плоштади. Понудата е разноврсна. Од Лепа Брена и Стивен Сегал до Дубиоза Колектив.
Во престолнината на БиХ, Сараево, граѓаните веќе се подготвуваат за дочек на 2016 година. Јавниот дочек, оваа година традиционално ќе биде организиран на Плоштадот на децата на Сараево со изведба на музичари од БиХ, како и со голем огномет на полноќ. Исто ќе биде и во Бања Лука на главниот градски плоштад. Од друга страна, во Зеница и Мостар нема да има јавен дочек поради финансиски проблеми.
Интересно е дека дочекот на Новата Година во Белград ќе започне со новогодишни концерти на отворено веќе од 29-ти декември, а пред Народното Собрание на Србија ќе продолжи и во следните четири дена, заклучно со први јануари. Во Новата година, на платото пред Собранието, насобраните ќе влезат во Новата Година со Лепа Брена и Стивен Сегал, а за репризата на први јануари на истото место ќе настапува Светлана Цеца Ражњатовиќ.
"Четири вечери по ред ќе настапуваат сјајни групи и познати изведувачи, како Лепа Брена, Цеца Ражњатовиќ, специјалниот гостин Стивен Сегал, групата Милиграм. Значи, четири дена големи концерти на платото пред Собранието, со голема бина, а за љубителите на класичната музика организирани се концерти во Сава Центарот, како за дочекот така и за први јануари", рече за Anadolu Agency (AA), заменик градоначалникот на Белград, Андреа Младеновиќ.
Новосаѓаните во "најлудата ноќ" ќе влезат во ритамот на рок-ен-ролот. На Плоштадот на слободата пред Градската куќа, публиката ќе ја забавува новосадските "Love Hunters" и "Van Gogh".
Во поголемите градови во Хрватска, Новата 2016 година ќе се дочекува на главните плоштади со богата музичка програма и популарни домашни изведувачи. Загрепчаните ги очекува разновидна музичка понуда и традиционален полноќен огномет, а Новата 2016 година ќе може да ја дочекаат на пошироко подрачје во центарот на градот. На Плоштадот на бан Јелачиќ во Загреб, каде секоја година се собираат неколку илјади посетители, како загрепчани така и странски и домашни туристи, ќе настапи пејачката Нина Бадриќ и групата Ватра.
Северина ќе пее во Дубровник, во Сплит како sвезди на вечерта ќе настапат Психомодо поп и ТБФ. Во Ријека оваа година на Корзо ќе настаи познатиот изведувачи од овој град како и Нено Белан и Хладно пиво. За големата новогодишна прослава на отворено во Осијек, која ќе биде организирана ро рамките на настанот “Божиќен собир” , каде е предвидена музичка програма во рамките на која ќе настапат групите “Pavel” и “Red Roosters”. На плоштадот во Осјек за одличен дочек на Новата Година ќе се погрижи босанскиот бенд Црвена Јабука.
За добар дочек на Новата година во центарот на македонскиот главен град Скопје, се погрижи општина Центар, во рамките на чија забавна програма помеѓу другите изведувачи ќе настапат босанскиот бенд Дубиоза Колектив и истакнатиот македонски музичар и композитор Кирил Џајковски.
Граѓаните на Приштина, која е веќе украсена за божиќните и новогодишните празници, исто така ќе имаат јавен дочек на Новата 2016, меѓутоа сеуште не е познато кој ќе настапува.
“Како и минатата година ќе имаме концерт на кој ќе настапат различни уметници. Моментално ги избираме и заклучуваме конечни договори со изведувачите. И во текот на денот ќе има иактивности за деца и за граѓани кои се во Приштина за крајот на оваа година” изјави за АА портпаролката на Приштина, Миранада Мулафазлиу.
Пракса на сите поголеми градови е новата година традиционално да се прославува на градските плоштади а како главен град на Црна Гора, Подгорица одлучи да ги прати современите трендови кои се дел од културата на големите европски и светски центри. По повеќегодишна пауза Подгорица оваа година ќе организира дочек на Новата година на плоштадот Република. Управата на главниот град подготви богата музичка програма а граѓаните на Подгорица во новогодинешната ноќ ќе ги забавуваат музичките sвезди Хари Мата Хари и Жељко Јоксимовиќ.
Освен во Подгорица, весело ќе биде и на платот на Стариот град во Будва. Црногорската престолнина на туризмот традиционално организира дочек на Новата година, донесувајќи ги најголемите музички sвезди на Балканот. Така ќе биде и овој 31 декември. Програмата ќе започне со концерт на црногорската група Перпер, по што ќе следува концерт на Здравко Чолиќ. Најавено е и учество на Џибони, јавува Anadolu Agency.
news_share_descriptionsubscription_contact
