Murat Karadağ
31 Декември 2015•Ажурирај: 02 Јануари 2016
МЕЛБУРН (АА)- Со спектакуларен огномет во Сиднеј и Мелбурн Австралија влезе во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број на жители на оваа земја како и бројни туристи од сите делови од светот имаа прилика да уживаат во единствениот огномет, кој почна најпрвин над мостот "Sydney Harbour" , а потоа над Сиднејската опера, како и на другите градски локации.
Огнометот во Сиднеј траеше неколку минути, а чинеше околу седум милиони долари. Оваа година по повод новогодинешните празници организирани се посебни активности во чест на Аборџините, доморорните племиња на Австралија.
На дочекот на Новата година во Мелбурн исто така беше спектакуларно, а огнометот го следеа стотици илјади луѓе.
Небото над Мелбурн оваа година го блеснаа околу десет тони огномет.