Qays Abu Samra,Meryem Kasım
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
НАБЛУС (AA) - Петгодишното момче од Палестина, Ахмед Девабише го преживеа подметнатиот пожар во куќа на Западниот брег, во кој го загуби целото семејство. По едногодишно лекување, тој излезе од болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Дедото на ова момче, Мухамед Девабише изјави дека Ахмед постојано прашува за родителите и дека тој не знае што да му каже. „Кога ќе одиме кај мама и тато“ и „Дали џенетот (рајот) е далеку?" – го запрашал тој својот дедо.
„Господ ни го подари Ахмед“, вели дедото кој зборуваше низ солзи, но истакна дека е среќен поради тоа што е заедно со внукот. Чичкото на Ахмед, Насер Девабише изрази загриженост за својот внук.
Тој вели дека добил закани од страна на некои Евреи дека ќе го убијат и Ахмед, како што го убиле неговото семејство. Баравме тие лица да бидат задржани во притвор, но до ден-денес ништо не е направено во врска со тоа прашање“, нагласи чичкото на момчето.
- Терапијата и понатаму трае Чичкото
Насер изјави дека терапијата сè уште не е во потполност завршена и дека момчето има лузни од изгорениците. „Сè уште не се започнати естетските операции, првата е закажана за осми август“, додаде тој.
Тој нагласи дека овој датум има посебно значење за нив, бидејќи на тој датум починал таткото на Ахмед. „Ахмед поставува прашања на кои немаме одговори. Не знаеме што да му кажеме. Потребна ни е професионална помош, како да се однесуваме кон него“, се пожали Девабише.
Евреите од местото Наблус, на северот од Израел, на 31 јули 2015 година подметнале пожар во куќа што му припаѓала на палестинско семејство, семејството на Ахмед. Во тој инцидент настрадало 18-месечното бебе Али, братот на Ахмед, а таткото Сеад (31), мајката Рихам (28) и Ахмет биле тешко повредени.
Родителите на момчето поради тешките повреди починале во болница. Тогаш четиригодишниот Ахмед бил единствениот преживеан во овој напад, а долго време се лекуваше во болница поради добиените изгореници.