Mehmet Karakaş
24 Јули 2019•Ажурирај: 27 Јули 2019
САКАРЈА
Во областа Акјази во Сакарја по 20 години откако е засадено расцвета растението агаве, кое расцветува само еднаш, а потоа се суши (или изумира), пренесува Anadolu Agency (АА).
Растението агаве е на листата на светско културно наследство на УНЕСКО и расцветува само еднаш, а должината на цветот изнесува 10 метри.
Незихе Килит, во изјавата за дописникот на АА истакна дека пред 20 години го добила растението како подарок и го насадила во градината. Таа, исто така, наведе дека растението расцветало и жали затоа што ќе се исуши (или изумре).
Килит, истакнувајќи дека растението ѝ било испратено од некој нејзин познаник од Топкапи, рече:
„Растението го насадив во мојата градина и живеевме заедно 20 години. Расцвета по 20 години. Од една страна се израдував, од друга пак, жалам. Затоа што ова растение откако ќе расцвета пресушува и изумира. Јас до него насадив уште едно, и сега како мајка и ќерка растат заедно. Ги сакам многу. Тој што ми го подари ми кажа дека ќе изумре откако ќе расцвета.“