Vesna Besic
29 Мај 2023•Ажурирај: 31 Мај 2023
САН ФРАНЦИСКО (АА) - Латиноамериканскиот карневал, кој традиционално се слави веќе 45 години, се одржа во градот Сан Франциско, во Соединетите Американски Држави, јавува Анадолу.
Дводневниот карневал предизвика голем интерес и кај домашните и кај странските туристи. Стотици луѓе присуствуваа на карневалот што беше организиран во делот на Сан Франциско каде што живее мнозинството од латиноамериканското население.

За време на дводневната прослава беа одржани различни музички и забавни настани, како танцување во различни носии, натпревари во трчање, како и традиционални танци на групи од Кариби и јужноамериканските земји.