Emre Aytekin
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Компјутерскиот сервер што ја контролира општинската транспортна мрежа на градот Сан Франциско бил цел на кибер напад, по што потпаднал под контрола на хакерите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави „Би-би-си“, во неделата, по извршениот кибер напад, сите градски линии од автобускиот, возниот и трамвајскиот сообраќај биле надвор од контролата на компутерската мрежа во којашто се поврзани.
При секој обид на системските администратори на мрежата да пристапат до системот, на екранот им се појавувала пораката што ја оставиле хакерите: „Системот е преземен, сите податоци се шифрирани“.
За да ја добијат шифрата, хакерот пратил една електронска порака преку која можеле да контактираат со него.
За да го врати системот за транспорт на Сан Франциско во нормала, хакерот побарал општината да му префрли 100 биткоинти (виртуелни пари), чија противредност изнесува околу 70.000 долари.
Со цел да му се стави крај на хакерскиот напад, одговорните лица извесен период ги исклучиле сите апарати за билети и терминали за вработените, како и влезните терминали.
Во тој период патниците го користеле превозот бесплатно.
Претставниците на општината соопштија дека хакерскиот напад бил со ограничен обем. Притоа, транспортните возила, безбедносниот систем и личните податоци на коминтентите не биле цел на нападот.
Продолжува истрагата за да се открие изведувачот на овој кибер напад во Сан Франциско.