Batuhan Dişbudak
15 Јуни 2025•Ажурирај: 19 Јуни 2025
САМСУН (АА) - Мачка со храна заглавена во трахеата во Самсун беше спасена со Хајмлихов зафат (Абдоминално притискање) од страна на лице од обезбедувањето, известува Анадолу.
Трахеата на мачката била блокирана од храна што ја јадела во местото Чаршамба, во турската област Самсун.
Забележувајќи дека мачката има тешкотии со дишењето, Селчук Чавдар, вработен во приватно обезбедување на банка, го примени Хајмлиховиот зафат врз мачката.
По интервенцијата и отстранувањето на храната заглавена во трахеата, мачката почна лесно да дише.
Настанот е снимени од безбедносната камера на неговото работно место.
Снимката покажува како мачката се почнува чудно да се однесува, а кога Чавдар, кој бил во близина, ја забележал ситуацијата, го применил Хајмлиховиот зафат, по што мачката се оддалечила од местото.