Tezcan Ekizler
06 Август 2018•Ажурирај: 07 Август 2018
ИЗМИР (АА) - Мачка стара 7 години и тешка 19,2 килограми во местото Каршијака, во областа Измир, е ставена на програма за губење телесна тежина, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Управата за ветеринарни работи при Општината Каршијака информираат дека мачката која е хранета на улица, поради вишокот килограми отежнато се движела и поради тоа е сместена во ветеринарната поликлиника „Тајпарк“.

Направени се основните здравствени испитувања, а мачката е ставена на програма за слабеење. Имајќи во обѕир дека стресот и прекумерната телесна тежина се тесно поврзани, за мачката е посебно дизајниран кафез во кој ќе може непречено да се движи. Мачката, благодарение на програмата, веќе во првите 7 дена од третманот почнала да губи од својата тежина, а ќе остане во поликлиниката сè додека не се излекува.